• [email protected]
  • +389 2 3227 941
  • Дома
  • За нас
  • Објекти
  • Услуги
  • Фотоволтаици
  • Новости
  • Контакт
  • Дома |
  • Објекти |
  • Комплекс Ветрило

Комплекс Ветрило

Опис

Животот во средина каде нема загадување, нема бучава, а има многу зеленило, создава мир и хармонија. Светски тренд е да се живее надвор од урбаната џунгла. Скопје е еден од најзагадените градови во Европа, затоа се поголем број на Скопјани се решаваат да живеат на падините на Водно или неговата околина. Градското јадро е сè повеќе урбанизирано, пренатрупано, каде речиси и да нема паркови и шеталишта, луѓето бараат место за живеење каде ќе има почист и посвеж воздух, каде ќе можат почесто да го минуваат времето надвор и да бидат вклучени во некаква физичка активност.

Големата загаденост, секојдневниот стрес влијаат луѓето се повеќе да сакаат да живеат подалеку од градската гужва, во чиста еколошка средина, и со тоа да го заштитат сопственото здравје, кое е најголемиот луксуз денес. Мирот и хармонијата се бесценети! Дополнително цените по станбен квадрат се многу пониски надвор од централното градско јадро што е мотив плус семејствата сериозно да размислуваат за дом во природа. А, ако домот е оддалечен само 6,5 км од центарот на Скопје, во незагадена средина, тогаш семејната приказна може да започне.

Спецификации на Комплекс Ветрило

Објектот има статика која е сеизмички проверена и одобрена од Институтот за сеизмологија во Скопје, како и перфектна звучна и термичкаизолација што објектот го става во категорија на високо енергетско ефикасни објекти.

Објектите се со висока енергетска ефикасност:

  • малтер 3 цм,термо блокови Нова Слога Ресен 25 цм и изолација стиропор на фасада од 8 цм и кровна изолација камена волна од 15цм;
  • централно греење и ладење со топлотни пумпи со фенкојлерски ситем на струја со економична исплатливост и техничка топла вода;
  • ПВЦ прозори со високо енергетски фактор- 6 коморен 3 дихтунт гуми;
  • под цементна кошулица, изолација ХПС 3цм и  трослоен  пархет;
  • купатила опремени со санитарија и плочки со прва класа ходник и кујна со плочки
  • електрична инсталација со штекери, прекидачи без сијалици;
  • внатрешни ѕидови со глетовање и поликолор;
  • уреден паркинг простор со бекатон плочки;
  • дворна површина со зеленило;
  • ограда околу целиот комплекс и посебно околу секоја куќа;
  • кровна тераса  уредена со изолација.


Со доплата можно е доуредување на:

  • проодна кровна тераса;
  • изградба на базент со димензии 3м х 4м;
  • настрешница (дрвена пергола) 2.5м х 1.5м во дворна површина.


Локација

Куќа Тип А

Преглед на планот

Куќа Тип Б

Преглед на планот

Куќа Тип В

Преглед на планот

Детали за објектот

  • Клиент:

    Интерсофт

  • Година:

    2016

  • Изведба:

    Интерсофт

  • Локација:

    Сопиште

  • Категорија:

    Сопствен објект

  • Проект:

    Интерсофт

Имате потреба од партнер за вашата изградба?

Побарајте понуда

ИНТЕРСОФТ ЛТД ДОО Скопје е градежна компанија во приватна сопственост основана во 1998 год. во Скопје, која на клиентите им нуди комплетни решенија за проектирање и изведба на објекти до фаза клуч на рака.

  • Понеделник-Петок: 08:00ч - 16:00ч
    Сабота/Недела: Затворено

Локација

Контакт информации

  • ул. Петре Пирузе бр.8 - сутерен
    1000 Скопје, Македонија

  • +389 2 3227 941 - Телефон
    +389 78 393 639 - Мобилен

  • [email protected]

2019 Intersoft. Web Design - Kara5

  • За нас
  • Објекти
  • Услуги
  • Партнери
  • Новости
  • Контакт
  • Дома
  • За нас
  • Објекти
  • Услуги
  • Партнери
  • Новости
  • Контакт