Опис
По комплетно успешно завршена приказна со сите 18 куќи од Комплекс Ветрило 1 во Сопиште, а поради голема заинтересираност од страна на нашите клиенти, решивме приказната за Ветрило да ја продолжиме со втор елитен комплекс, во непосредна близина на веќе постоечкиот.
Повторно го избравме Сопиште како локација, како и првиот пат, поради следните карактеристики:
- населба која е оддалечена на само 7 километри од центарот на Скопје;
- со поволна географска положба;
- расположена на југоисточната падина на планината Водно на надморска височина од 540 метри;
- со умерено-континентална и планинска клима, помали температурни осцилации, поголеми врнежи, поинтензивно осончување и мала честина на магли и со
- опкруженост со шума (40%) и чист воздух дури и во периодите кога Скопје е најзагадено.
Искуството ни докажа дека благодетите на дом кој се наоѓа во природно и незагадено опкружување се навистина значајни за нашите клиенти, на кои после напорен ден најмногу ни е потребен мир и спокој, во тивка и чиста околина.
Затоа продолжуваме да ја пишуваме нашата приказна со нов Комплекс Ветрило 2, составен овој пат од 7 куќи, кои ќе бидат високо енергетско ефикасни, со модерен и функционален дизајн и плански осмислен простор кој ќе ги задоволи потребите на едно урбано семејство.
При изградба на куќите од Комплексот Ветрило 2, ќе се користат високо квалитетни материјали од реномирани производители, ќе се обезбеди врвна звучна и термичка изолација, а статиката за објектот ќе биде сеизмички проверена.
Квадратурата на парцелите каде што ќе бидат сместени објектите ќе биде со големина доволна за можност за паркирање на два автомобила, како и со простор за сместување на содржини за рекреација.
Тимот на Друштвото за градежништво, трговија, производство и услуги ИНТЕРСОФТ ЛТД ДОО увоз – извоз Скопје, како компанија која за своите клиентите нуди комплетни решенија за проектирање и изведба на објекти до фаза клуч на рака и која се јавува како проектант и изведувач на сопствени објекти, со огромно задоволство Ви го претставува КОМПЛЕКС ВЕТРИЛО 2!