Интервју со Анета Велковска на denar.mk

22 Aug, 2016

Денар: На атрактивна локација во КО Сопиште од неодамна започна со изградба резиденцијалниот станбен Комплекс Сопиште. Откријте ни ги деталите околу овој статусен комплекс составен од 18 Типски објекти.

Точно така, на една интересна локација во близина на општинската зграда во Сопиште на само 9 км оддалеченост од урбаниот центар на градот, надвор од целиот градски метеж, започнуваме една нова приказната која сакаме да ја продолжат нови семејства кои ќе си го најдат сопствениот дом во овој комплекс. Станува збор за репрезентативни објекти со модерно осмислена архитектура каде што можете да имате мирен, комфорен живот, место кое што ќе ви ги задоволи сите потреби, а при тоа нема да ве чини многу. Како што знаеме сите во последно време градот се повеќе и повеќе се зголемува, а тоа придонесува воздухот во центарот на градот се повеќе да биде загаден. Луѓето се повеќе сакаат да живеат подалеку од градската гужва, во чиста еколошка средина, да го заштитат сопственото здарвје, а знаеме не постои поголем луксуз од сопственото здравје.

Денар: Каква содржина нуди овој резиденцијален комплекс?

Пред се како што кажавте овој комплекс се состои од 18 објекти. Објектите се типски и се поделени на три типа А, Б, В. Квадратурата на објектите е 120 м2 , распределени на два ката, приземје и кат. Во приземјето се сместени кујна со трпезарија и дневна соба, додека на катот се сместени спалните соби со две бањи и тераси. Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движат од 200-240 м2, што е доволно да можат да се паркираат две возила и да се сместат содржини за рекреација. Самиот комплекс е поделен со две внатрешни новопроектирани улици кои пак овозможуваат дополнителна приватност. Самата локација е во благ пад и овозможува објектите да бидат каскадно наредени, а со тоа нема да си пречат една на друга и ќе овозможуваат поубав поглед. Комплексот е свртен према исток, југ и југо запад а тоа овозможува сите објекти да имаат многу добра ориентација, а со тоа и просториите ќе бидат убаво осончани и осветлени.

Денар: Главните предуслови при инвестирање во имот се квалитетот на градбата и материјалите од кои е изграден објектот. Колку вашиот објект може да се пофали со ваквите атрибути?

Во однос на ова прашање навистина сме горди на изборот на материјали, и тука не правевме никаков копмпромис. Ќе се одбираат материјали кои ги задоволуваат стандардите. Објектот има статика која е сеизмички проверена и има добиено позитивно мислење од институтот за сеизмологија во Скопје. Секако при проектирањето се водеше сметка и фасадата на објектот да ги задоволува звучната и термичката изолација како и енергетската ефикасност. Со ова новите семејства кои ќе се вселат ќе заштедат значителна сума од буџетот за греење и ладење на нивниот нов дом.

Како компанија сите материјали кои што ги вградивме до сега во нашите објекти и се разбира и во сите наши наредни објекти се од реномирани производители кои имаат проверен квалитет.

Денар: Имајќи во предвид дека понудата на пазарот е навистина голема што направивте вие за да се изводите од останатите и конечно да бидете крајниот избор на оние кои сакаат нивниот дом да биде во вашиот комплекс?

Едноставно им нудиме иднина опкружена со природа, чиста еколошка средина, мир, хармоничен и здрав начин на живот.

Денар: Зошто баш Сопиште?

Зошто! Ние имаме објекти проектирано и изведено речиси во сите општини во Скопје, секако и низ целата Република. Во Сопиште веќе подолг период проектираме и изведуваме многу објекти и зад нас имаме оставено многу задоволни клиенти. И движејќи се толку време низ Сопиште дојдовме до идеја да создадеме еден комплекс од куќи (домови) кои ќе ги задоволуваат потребите на едно ново семејство ќе ги има сите потребни простории за живеење, ќе имаат сопствен двор далеку од гужвите и метежот на градот и ќе уживаат во чистиот воздух и убавото сонце на најубавата и најсончева населба во Скопје. За дополнителни информации слободно контактирајте не на следнава адреса [email protected]