Интервју со Анета Велковска на porta3.mk

22 Aug, 2016

Откријте ни ги деталите околу овој статусен комплекс составен од 18 типски објекти?

Точно така, на една интересна локација во близина на општинската зграда во Сопиште на само 6,5 км и оддалеченост од 15-ина минути од урбаниот центар на градот, надвор од целиот градски метеж, поставивме камен-темелник на Домови за своја Душа, за семејства кои ќе го почувствуваат овој простор за свој дом. Станува збор за репрезентативни објекти со модерно осмислена архитектура и правила на фенг шуи, каде што можете да имате мирен, хармоничен живот, место кое што ќе ви ги задоволи сите потреби, величествен поглед на југозападните падини на Китка, Караџица и Јакупица.

Како што знаеме сите, во последно време градот се повеќе и повеќе се зголемува, а тоа придонесува воздухот во центарот на градот се повеќе да биде загаден. Комплексот „Ветрило“ е идеално живеалиште за среќен спокоен и семеен живот во чиста еколошка средина, а знаеме дека не постои поголем луксуз од сопственото здравје.

Каква содржина нуди овој резиденцијален комплекс?

Пред сè, како што кажавте овој комплекс се состои од 18 објекти. Објектите се типски и се поделени на три типа А, Б, В. Квадратурата на објектите е од 103 м2 до 118 м2, организирани на приземје и кат.

Во приземјето се сместени кујна со трпезарија и дневна соба со отворен план и гостинска бања, додека на катот се сместени просториите за ноќен одмор со бањи и тераси. Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движат од 150-240 м2, што е доволно да можат да се паркираат две возила и да се сместат содржини за рекреација. Секоја станбена единица е приклучена на заеднички централен систем за греење и топла санитарна вода. Секој објект е со висока класа на енергетска ефикасност. Низ самиот комплекс поминуваат две внатрешни новопроектирани улици кои пак овозможуваат дополнителна можност за приватност. Самата локација е со блага падина на југ, со што се овозможува објектите да бидат каскадно наредени и да има простран поглед.

Главните предуслови при инвестирање во имот се квалитетот на градбата и материјалите од кои е изграден објектот. Колку вашиот објект може да се пофали со ваквите атрибути?

Во однос на ова прашање, навистина сме горди на изборот на материјали, и тука не правевме никаков копмпромис. Ќе се одбираат материјали кои ги задоволуваат стандардите. Објектот има статика која е сеизмички проверена и има добиено позитивно мислење од Институтот за сеизмологија во Скопје. Секако, при проектирањето се водеше сметка и фасадата на објектот да ги задоволува звучната и термичката изолација како и енергетската ефикасност. Со ова новите семејства кои ќе се вселат ќе заштедат значителна сума од буџетот за греење и ладење на нивниот нов дом. Како компанија, сите материјали кои ги вградивме досега во нашите објекти, и се разбира и во сите наши наредни објекти, се од реномирани производители кои имаат проверен квалитет.

Имајќи предвид дека понудата на пазарот е навистина голема, што направивте вие за да се издвоите од останатите и конечно да бидете крајниот избор на оние што сакаат нивниот дом да биде во вашиот комплекс?

Од јасната цел – „Среќно, здраво живеење“, произлегува и нашиот мотив за создавање на домови едноставни, функционални решенија за сечиј дом, уредени со правила на фенг шуи. Едноставно, им нудиме иднина опкружена со природа, чиста еколошка средина, мир, хармоничен и здрав начин на живот.

Од каде името Ветрило?

Комплексот го доби името Ветрило не случајно. Просторот на кој се гради комплексот се вика Ветрила. А во неговата изградба ќе се внимава на правилата по фенг шуи (во буквален превод – ветар и вода), древна кинеска наука за усогласување на живот во хармонија со силите на универзумот, стара 5.000 години, која претставува логика, а не религија. Во Ветрило, преку имплементирање на традиционалните фенг шуи вештини, сакаме да воспоставиме баланс и усогласување на космичката чи енергија на луѓето и просторот во кој живеат. Што е слично на старите словенски правила кои нашите народи на Балканот ги применуваат во изградба на нивните куќи. Фенг шуи е древна наука која била спасена од заборав и се применува во сите аспекти на животот.

Градовите Хонг Конг и Сингапур се апсолутно направени во согласност со правилата на фенг шуи. Фенг шуи се користи во секој аспект на човекот и на тој начин изградба на личното име, стил и карактер. Кога основата, како што е стан, куќа или канцеларија е изградена во хармонија со универзумот, според правилата на фенг шуи, тогаш лицето има добар и силен карактер и со планови да се постигне целта.

Низ сопствениот избор, многу среќни семејства ја изградија и ја живеат сопствената успешна иднина.

Да се применуваат техниките на фенг шуи, не е потребно познавање на архитектурата, згради или други егзактните науки. Таа го зема некое чувство на припадност кон планетата Земја.