Комплексот Ветрило на саемот за градежништво

24 Feb, 2017

Со цел подобро информирање на заинтересираните клиенти за карактеристиките на комплексот Ветрило, како и на други нивни проекти, Друштвото за градежништво, проектирање и инженеринг ИНТЕРСОФТ ЛТД Скопје со свој штанд ќе се претстави на 14-от Саем на грaдeжништвo, грaдeжни мaтeриjaли и грaдeжнa мeхaнизaциja, кој во период од 28 февруари до 4 март ќе се одржи во Метрополис Арената во Скопје.

Како и минатата година и оваа од тимот на Интерсофт очекуваат голема посета и интерес за нивните проекти, како и бројни прашања за поволностите од купување дом во комплексот Ветрило.

Семејниот станбен комплекс “Ветрило” се наоѓа на најсончевата страна на Водно на атрактивна локација на падините на Водно, во мирен, еколошки дел во населбата Сопиште, со м.в.Ветрило, на надморска височина од 540 метри. Станува збор за куќи свртени спрема исток, југ и југо запад, на локација која е во благ пад што овозможува објектите да бидат каскадно наредени и да имаат постојана проветреност и природна светлина и убав поглед кон околните планини.

Во овој момент се превземаат последните чекори кон завршување на првата фаза од изградбата на овој станбен комплекс, прва фаза која комплетно ќе биде завршена до месец мај 2017 година.

Ги покануваме граѓаните да го посетат нашиот штанд и да се информираат за предностите од живеењето во ваква населба, а за сите кои што ќе го изберат комплексот Ветрило за нов дом има изненадувања, бројни поволности, многу попусти и награди. Детално и со внимание на сите заинтересирани ќе им објасниме зошто Ветрило е идеалниот избор со сите свои еколошки, економски и социјални бенефити“ – изјавија од компанијата инвеститор Интерсофт.

Проектот се состои од 18 куќи, поделени на 3 типа А, Б и В. Квадратурата на објектите е од 103 до 118 м², распределени на два ката, односно приземје и кат. Во приземјето се сместени дневна соба со отворен план, кујна со трпезарија и гостинско купатило, додека на катот се сместени 3 спални соби со 2 бањи и тераси. Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движи од 160-240 м², што е доволен простор за можност за паркирање на два автомобили и да се сместат содржини за рекреација. Внатрешноста на самиот комплекс е поделена со две ново проектирани улици, кои дополнително овозможуваат приватност на станарите.

Станбен објект во комплесот “Ветрило” може да се купи и со субвенциониран кредит преку проектот “Купи куќа за млади”, а исто така и преку поволни кредитни линии од домашните банки. А на саемот ќе има и бројни поволности.