Живеј здраво, промовирај се моќно и забавувај се на зајдисонце во Сопиште!

25 Jun, 2018

Дали би сакале да бидете дел од заедница која прави разлика во денешното општество?

Ни претставува огромно задоволство да ве поканиме на првото издание на “Живеј здраво, промовирај се моќно и забавувај се!” , оваа година на една од најактуелните теми “Мислите ни ги креираат навиките, а навиките животот”

Дојдете и придружетете ни се на 5ти Јули во комплексот Ветрило во населба Сопиште, каде истакнати претприемачи и активисти ќе споделат стратегии за здраво живеење и паметно трошење на ограничените ресурси, кои се неизоставен дел од нашето секојдневие.

Прво издание на “Живеј здраво, промовирај се моќно и забавувај се!” придава значење на предобивките од здравиот начин на живот во современото домување. Нашата цел е да подигнеме свест и да адресираме загрижувачки животни прашања од совремето домување и живеење преку дискусија, предлози, идеи и иновации. Придружетете ни се и слушнете ги искуствата на нашите значајни гости кои ќе зборуваат за можностите кои ги нуди здравиот начин на живот.

Ќе се фокусираме на теми за придобивките од здрав живот во здрава средина, како и за предностите од рационално користење на сите ресурси.

Како да дејствуваме локално и да си го подобриме квалитетот на живот на нас самите, а со тоа да влијаеме глобално и да придонесеме за подобро утро за сите нас. Со подигнувањето на свеста за загрижувачките животни предизвици, преку дискусија, да се стремиме да го подобриме нашето опкружување и да направиме позитивни промени во опшеството.

Ова е настан по иницијатива на Интерсофт ЛТД ДОО Скопје подржан од наши соработници со цел да ви ги доближиме и нашите производи и услуги поблизу до вас. Сите имаме желба и потреба да живееме во мирна средина со нормални параметри за здрав живот. Тоа е стартната основа според која сакаме да го презентираме и да ја доловиме поентата на домувањето во еколошка средина, далеку од загаден воздух и константна гужва, со многу пониски летни температури, а сепак во непосрена близина на центарот на Скопје, на само 7 км оддалеченост. Па ја увидовме потребата одблизу да го запознаеме Сопиште и можностите кои ги нуди. Посебно можностите на комплексот Ветрило под инвестициска палка на Интерсофт ЛТД ДОО Скопје. На овој отворен ден ќе имате можност за посета на куќите во Сопиште, но основата на посетата не е само запознавање со нашиот проект туку и доживување на околината и предностите кои ги нуди. Можностите за соработка како и дружење и запознавање со сите учесници. Но најважно од се е дека ова не е обична посета туку посета на целосно уреден дом во кој може да испиете кафе, да се разладите и на право место да ја видите вистинската намена на секој производ кој е поставен во куќата, така што куќата ќе биде целосно опремена, со остварување на нашата цел - добрижување на производите до вас, затоа што ние не нудиме квадрати туку нудиме дом.. Од официјалното отварање остануваме уште 4 дена достапни за посета во целосно уреден дом.

Отворена покана до сите:

  • Кои сакаат да научат нешто ново
  • Да се запознаат подлабоко со едно од најактуелниите прашања на денешницата кое е од круцијална важност за човештвото
  • Да го зголемат бројот на клиенти - да ги најдат нивните идни партнери и соработници - Запознајте се со компаниите кои ќе ги презентираат нивните приказни за успешно и среќно домување
  • Дојдете на уживање во зајдисонце во Сопиште + Коктел забава