Одлична пролетна забава во Комплекс Ветрило

02 Apr, 2019

Интерсофт Скопје организираше успешна забава од отворен карактер во Комплексот Ветрило за сите кои сакаа да поминат неколку часа на сонце и чист воздух. Посетителите на забавата со свои очи се уверија во предностите на живеењето надвор од Скопје, ги видоа сите бенефити и можности кои се нудат во веќе готовите куќи во комплексот, а имаа можност да дознаат и сѐ во врска со применетите стандарди за градба, изолација и енергетска ефикасност.

- За тимот на Интерсофт беше вистински предизвик да се направи нешто поинакво – изјави Мирослав Китановски, сопственик на Интерсофт. - Комплексот Ветрило од идеја до реализација е толку посебен, толку детално осмислен, толку ко за своја душа граден и затоа приказната за Ветрило се раскажува со многу ентузијазам и како на пријатели.

55869214_2191861747537865_2445820211048218624_n.jpg

Во рамки на трите часа предвидени за разглед и дружење посетителите имаа можност да се запознаат со сите соработници кои го олеснуваат патот до нов дом.

Силк Роад Банка понудија можности за финансирање со поволни станбени кредити како и атрактивни кредити наменети за уредување и опремување на домот.

55698501_2191862004204506_4817521475684663296_n.jpg

Соработниците на Интерсофт, Мидеа за греење и ладење, Лекс Електрик за осветлување и инсталации, Алекс Дизајн за мебел и ентериер на едно место споделија информации околу условите за плаќање, идеи и попусти за целосно уредување, можности за рати, проекции на системи за греење и ладење итн. со цел полесно остварување на желбата за свој дом.

55609070_2191862064204500_6705279234295726080_n.jpg

Пролетната забава во Комплексот Ветрило беше можност и за дружење во опуштена атмосфера со музика, одлично расположение и вкусна храна, на сонце и чист воздух.

Оние кои избраа дом во Ветрило добија и подарок – тригодишна полиса за животно осигурување за двајца членови на семејството! Истиот подарок го добиваат сите оние кои ќе склучат договор за купување куќа во Ветрило во текот на месец април.

55593270_2191861967537843_3301664067650846720_n.jpg