Промоција и дружење како досега не сме виделе

26 Jul, 2018

Првото издание на “Живеј здраво, промовирај се моќно и забавувај се” организирано од Интерсофт заврши, а свеченото отварање со спектакуларен поглед и зајдисонце се одржа во просториите на нивниот најзначајно изграден проект “Ветрило” изграден од нивна страна во општина Сопиште. Отварањето беше вовед за она што следуваше во изминатите 9 дена, како и отворената можност за посета. Настанот кој придава значење на придобивките од здравиот начин на живот во современото домување и главната цел која успешно се реализира, подигнување на свест и адресирање на загрижувачки животни прашања од современото домување и живеење преку дискусија, предлози, идеи и иновации. Искуствата на присутните и споделуување на идеи и можностите кои ги нуди здравиот и рационален начин на живот.


По воведниот дел и топлото добредојде од организаторите, следеше делот во кој говорниците зборуваа, несебично споделија и советуваа за :

  • “Фенг Шуи системи за здраво просперитетно живеење – практична примена на Фенг Шуи ситеми” – Моника Конеска, Фенг Шуи архитект.
  • “Зелени ѕидови, кровни градини” - Мите Филков, експерт за зелени кровови и ѕидови.
  • "Valeto Smart Home System" - Никола Милев, Smart Homme

Веднаш по нивното излагање, дојде делот кој сите со нетпрение го очекуваа, свечено отварање на една од куќите кои Интерсофт заедно со своите соработници целосно ја опремија.

Куќата беше уредена и наместеа со чувство како да сте стигнале во домот, каде вашите најблиски со нетрпение ве очекуваат. Заносни ароми и благи и пријатни тонови. Во пријатна атмосфера со забавни муабети сите уживаа во малата закуска, топлината која зрачење од домот и свежиот мирис на летна квечерина. Идеално.. а на крај и така пријатната атмосферата ја надополнија латино звиците од музиката во позадина и тивките муабети каде можеше да се наслушне за склучување на нови идни соработни, за совети и излагање на мислења. Месечината се појави но со тоа настанот не заврши. Продолжи и повеќе од предвиденото, никој не сакаше да ја напушти свежината и мирисот на Сопиште и да се врати на врелиот асфалт во градската “џунгла”.

Интерсофт не застануваа тука со своите иновативни идеи. Оваа идеа успеа да сплоти многу бизнис професионалци да соработуваат и за првпат на овој начин да се промовираат, да ги понудат и постават своите новитети во компаниите и меѓусебно да се вмрежат. А притоа сите нивни производи да бидат на место онаму каде што припаѓаат и да ја вршат улогата и намената за која и се создадени. Забава, промоција и користи информации на едно место, во еден дом, на еден настан. Откако стивна настанот соработките се најавија и сега од Интерсофт најавуваа нешто ново за сите вас. Не престануваат да не изненадуваат, од понеделник стартуваат со нова кампање во која нудат алетернатива за скопјани. Дојдете да се освежите, да учивате во природа и кратко да се разладите со добро попладневно кафе. Ако ви е потребен мир и спокој за вистинска релаксација, свежина и зеленило, чиста и здрава околина, чист воздух и поглед кој ги полни очите и душата,сите сетила..Ако сте за прошетка во природа, или уживање во попладневното кафе заедно со вашите најмили тогаш посетете го комплексот и уживајте. Или решете се тоа да биде вашето секојдневие, да биде вашиот дом.

За повеке инфомации следете ги на Facebook страницата: https://www.facebook.com/Intersoftmk/